Годишен план на Фондацијата Викимедија/2025-2026
Во постапка е ставање на Нацрт-годишниот план на Мета и негово преведување на разни јазици. |
Содржинава моментално е во разработка во рамките на нацртниот процес за Годишниот план 2025–2026. Бараме мислења за целите и клучните резултати кои ќе ги одредат нашите приоритети за Производи и технологиија во текот на следната финансиска година. |
По историската изборна година 2024, кога повеќе луѓе имаа право на глас од било кога во човечката историја, светот во 2025 г. се соочува со значителни геополитички, регулативни, политички и општествени промени кои претставуваат предизвик и прилика за Викимедииното движење.
Во јануари 2026 г. Викимедија ќе полни 25 години. Оваа генерациска годишнина се случува во средината на следниот годишен план на Фондацијата Викимедија. Ни дава ретка можност да се осврнеме на нештата и да прославиме, но и за да ја поткрепиме потребата од the need for бистрооко и прагматично планирање за да го заштитиме и збогатиме овој глобален ресурс на знаења. Впрочем, нашата мисија не повикува ова да го правиме вечно за следните генерации.
Во моментов планирањето на Фондацијата Викимедија покрива широк опсег од брз одговор, па сè до повеќегенерациска стратегија насочена кон зголемување на доброволечките кадри, содржината, читателството и паричните средства. Мора да работиме едновремено на краток, на среден и на долг рок.
Ова повеќестепено планирање го унапредува стратешкиот правец на Викимедииното движење кој ќе послужи како „неопходна инфраструктура на екосистемот на слободното знаење“ кога гледаме кон 2030 г. и понатаму. Овој Годишен план ја препознава суштинската потреба од неутрална и слободна енциклопедиска содржина во брзоменувачката околина на семрежјето кое сето време претрпува промени. Го поставува прашањето како да ги зајакнеме и одбраниме Викимедиините вредности и начела за да ги заштитиме нејзините луѓе и проекти. Се задржува на тоа како заеднички да дојдеме до нови учесници и потрошувачи за да продолжат да напредуваат во идните генерации.
Во тој контекст, овој Годишен план и Буџет даваат преглед на целите за следната фискална година (јули 2025 – јуни 2026) како и разложена претстава на вложувањето и приоритетноста на ресурсите. Насоката ја добива од клучните трендови и потреби на светото околу нас, и од тоа како Фондацијата Викимедија може да одговори со влијание.
Што му треба на светот од нас сега?
Во последните неколку години, процесот на планирање започнува со ова средишно и водечко прашање. Тоа им дава насока на истражувањата и анализите за глобалните трендови и трендовите во заедницата кои ја обликуваат нашата работа за исполнување на мисијата на Викимедија, година за година.
Предизвиците и заканите по споделувањето на проверени неутрални информации на семрејжето се значително поголеми. Глобалната доверба во информациите на семрежјето е во пад, а заедничкиот консензус за веродостојноста на информациите е во распад. Законите и правилата кои имаат за цел да ги регулираат семрежните технолошки платформи не секогаш даваат доволно простор за непрофитни платформи како Википедија.
Исто така, сведоци сме на брзопроменлива дигитална околина која вклучува експоненцијален пораст на машински создадени содржини на семрежјето. Квалитетните информации веродостојно создадени од луѓе станаа ретки и драгоцени, па технолошките платформи се во трка да ги оберат од семрежјето и да ги распространуваат во нови пребарувачки искуства (со вештачка интелигенција и традиционално пребарување) на нивние платформи. Во овој котенст, улогата на Викимедиините проекти станува суштинска, иако бележиме помала видливост на нашите проекти поради порастот на нивна употреба од трети лица.
Покрај тоа, долгорочната одржливост на Викимедиините заедници зависи од постојан прилив на нови корисници кои придонесуваат квалитетни содржини и остануваат посветени. Ние ќе експериментираме со начини на придобивање на следната генерација на уредници, и да го зголемиме бројот на докажани доброволци (наречени и корисници со проширени права) кои играат суштински улоги во обезбедување на квалитетот и меродавноста на проектите.
Доследни цели, иновативни експерименти
Како што се соочуваме со овие и други глобални трендови, овој план одговара со доследност и новини. Долуопишаните цели се надоградуваат на доследното исполнување на претходните планови (погл. 2024, 2023, 2022). Поддршката за технолошка инфраструктура и разработка на производи остануваат во сржта на приоритетите на Фондацијата, како и ресурсите за да обезбедиме Википедија и Викимедиините проекти да бидат меродавни, безбедни, пристапни и во развој, за да им излеземе во пресрет на потребите на учесниците и потрошувачите каде и да се.
Нашите најважни цели се преосмислени во три (Инфраструктура, Поддршка за доброволци и Делотворност) како упростен и поделотворен начин на одразување на „социо-техничката“ улога на Викимедија во поддршката на технологијата и луѓето кои ги движат проектите како суштински дел од слободното и отворено семрежје.
- Инфраструктурна цел: Доследно на претходните години, работата кон оваа цел е организирана вака:
- Подобрување на Викиискуствата за потрошувачите и читетелите да сакаат да се вратат, да се вклучат подлабоко и да придонесуваат на начини кои им значат;
- Експериментирање со нови начини за придобивање на Идни публики, including bringing енциклопедиска содржина во семрежните друштвени простори кајшто проведуваат време новите генерации на учесници и потрошувачи;
- Вложување во Податочни услуги за забрзување на испробувањето, развојот и експериментирањето со нови технологии.
- Поддршка за доброволците: Подрршката за доброволците како цел е збир од трудот на многу екипи во Фондацијата со цел поддршка и заштита на луѓето кои учествуваат на Викимедиините проекти на сите нивоа, како и друштвените системи неопходни за зголемување на овие придонеси. Се надоградува на доследни цели од изминатите години, вклучувајќи ги оние со задршка на безбедноста и праведноста на знаењето, за да им даде приоритет на:
- Заштитата на доброволците по пат на поддршка на доверба и безбедност, како и подобрувања во инфраструктурата и алатките за заштита на луѓето (на пр. високоразмерна злоупотреба);
- Заштитата на интегритетот на нашите проекти со правна заштита, зајакнување на начелата на неутралност, спротивставување на дезинформациите, подигање на свеста и справување со јазови во знаењето;
- Зајакнување на нашето движење со продлабочување на суштински битните врски и соработки помеѓу доброволците, подружниците и ентитетите на движењето, како и преку глобално и регионално дејствување.
- Делотворност: Делотворноста како цел се однесува на постојаното зајакнување и подобрување на способноста на Фондацијата да управува со финансиите, ризиците, организацијата и оперативните работи со цел да ги исполни овие цели и нашата мисија. Годинава клучни цели се:
- Вложување во долгорочно стратегии за разновидни извори на приходи, меѓу што и заклучоци од експериментите со дополнителни дарители;
- Понатамошно продлабочвуање na протоколите за управување со ризици, процесите и системите вградени во екипите ширум Фондацијата;
- Зајакнување на управувањето со успехот на финансискиот, оперативниот и човечкиот капитал, како и подобрување на алатките и процесите за делотворно извршување на нашата работа.
Пилот-експерименти и децентрализирано носење одлуки
Покрај овие цели, годинашниот план ќе има и заклучоци и итерации на три пилот-експерименти нарачани од Одборот на доверители. Овие имаат за цел да оценат како Викимедииното движење може совесно да им предаде повеќе одговорност и носење одлуки на претставничките совети и доброволечките органи во повеќе области на надлежност:
- Советодавен совет за производи и технологија (PTAC): Овој орган ги здружува техничките учесници, претставниците на подружниците и Фондацијата Викимедија за да можат заеднички да определат поиздржлива технолошка платформа. Составот на советот беше објавен во октомври 2024 г. и се сретна на едно место во јануари 2025 г. за да ја објави својата прва препорака.
- Комитет за глобална распределба на ресурси (GDRC): Со овој пилот се воспоставува доброволечки глобален орган кој ќе зададе стратегии и правила за тоа како ќе се распределуваат доделбите на средства и ресурси ширум Викимедииното движење, го надгледува Регионалните комитети за средства и доставува препораки до Фондацијата Викимедија поврзани со операциите на Фондот на заедницата. Ќе биде основан привремен GRDC на Викименија 2025 како двегодишен поучен експеримент, за потоа да биде оценет пред да почне да работи во полн капацитет.
- Подобрена стратегија за поддршка на организации во движењето: Овој експеримент, за да биде поусогласен со приодот на пилотот за распределба на ресурси, се задржува на екосистемот на организациите на движењето, вклучувајќи постоечки подружници и предложени ентитети како средишта. Се задржа на фаза на прибирање факти со клучни заинтересирани страни, вклучувајќи ги Комитетот за подружници и Извршните директори на подружниците за да зацртаат како органите на движењето се и може да бидат организирани за идните потреби.
Во поново време, Фондацијата Викимедија исто така работеше со Одборот на доверители, и преку работилница на заедницата, да предложи зајакнување на начелата на неутрална гледна точка на Википедија во време кога тие се потребни повеќе од кога било. Очекуваме дека овие напори ќе продолжат и во фискалната година опфатена од овој Годишен план.
Приоритет за нашите вложувања
Финансискиот модел на Викимедија е централна тема за повеќегодишното стратешко планирање кое се однесува на приоритетите во прибирање средства, финансиско управување и посветеноста на зголемување на приходите од разновидни извори со цел заштита и раст на нашата мисија за идните генерации.
Тековниот модел покажува раст на приходите од околу +6 % за 2025-2026 г. и +/-5 % за следните две години. Во споредба со претходните години, ова поскромно ниво на раст бара постојана насоченост кон приоритетите и компромиси во клучни области на вложување, а притоа зголемувајќи ја нашата одржливост.
Како одговор на тоа, годинашниот буџет ја одразува посветеноста на промислено финансиско планирање кое ги поддржува целите од непосредно до повеќегенерациски. Нашите ресурси мора да се насочени кон иднината за да ја унапредуваат мисијата, и да бидат флексибилни за да одговараат на новите потреби. Како и во последниве години, инфраструктурата и понатаму е најголема ставка во нашиот буџет, а ние ќе продолжиме да даваме предност на растот во непосредното финансирање на движењето.
Слично како лани, работата на полето на технологијата зазема речиси една половина од буџетот на Фондацијата со 47 % заедно со приоритетите за заштита на доброволците и одбрана на проектитесо дополнителни 29 % — вкупно 76 % од годишниот буџет на Фондацијата. Трошоците за финансирање, управување со ризици, прибирање средства и операции ги сочинуваат преостанатите 24 %.
Држиме дополнителна резерва во склад со најдобрата практика за непрофитни организации за одржливост, како и за флексибилност да се одговори на непланирани и неочекувани промени во даночењето, регулативата или новите управни уредби. Во овој годишен план 1 % од резервата може да се употребат за финансирање на 25-годишнината на Википедија како високостратешки еднократен и непостојан настан.
За крај, непосредното финанссирање за доброволците и ентитетите на движењето следната година ќе биде накачен за речиси 11 %, во склад со севкупната стапка на раст на Фондацијата. Ова поддржува преку 400 доделби за доброволци, подружници и партнери на движењето. Во склад со повеќегодишните начела, овие средства ќе се зголемуват за дополнителни 5 % годишно во ФГ26–27 и ФГ27–28 за поддршка на поодржливо долгорочно планирање. Исто така, им овозможува на регионалните доделби да бидат во чекор со инфлацијата и овозможува скромно зголемување во севкупната финансиска поддршка од доделбите.
Како да дознаете повеќе
Тука ќе најдете повеќе информации за тоа како да се опходувате со Годишниот план на Фондацијата Викимедија.
Покрај тоа, Фондацијата секои две недели испраќа билтен во кој се говори за постигнатиот напредок во однос на Годишниот план. Можете и да го прочитате шестмесечниот преглед за напредокот во однос на ланскиот план.
Врски и ресурси
- Стратегија
- Глобални трендови
- Глобални трендови за 2025 г. (на Diff) (Мета)
- Зајакнување на неутралната гледна точка (НГТ) на Википедија
- Производи и технологија
- Пилот-експерименти
- Отчетност
- Извештај за отчетност (март 2025)
- Организациска делотворност
- Напредок на ланскиот план
- Претходни годишни планови: (2024, 2023, 2022)