Jump to content

Собирање средства 2012/Превод/Обраќање на Џими

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Fundraising 2012/Translation/Jimmy Appeal and the translation is 100% complete.


NOTE TO TRANSLATORS

This letter is a new translation request, but re-uses large parts of the 2011 Jimmy Appeal, with slight modifications in the second version.

https://meta.wikimedia.org/wiki/Fundraising_2011/Jimmy_Letter_002/en

If the 2011 Jimmy Letter has been translated into your language, you can probably re-use much of it for this translation. :-) Jseddon (WMF) (talk) 18:37, 27 September 2012 (UTC) [reply]

Version 1 (Millions)

Google може да има скоро милион сервери. Yahoo има околу 12 000 вработени. Ние имаме 800 сервери и 250 вработени.

Википедија е на 5-то место по посетеност на интернет и опслужува 450 милиони луѓе секој месец - со милијарди погледнати страници.

Деловното работење е добро. Рекламирањето не е зло. Но, не припаѓа тука. Не на Википедија.

Википедија е нешто посебно. Таа е нешто како библиотека или градски парк. Како храм за умот. Место што сите ние го посетуваме за да размислуваме, да научиме и да го споделиме нашето знаење со другите.

Кога ја основав Википедија, можев да ја направам да биде профитна фирма со реклами, но сепак решив да направам нешто поинакво. Низ годините работиме напорно за да ја одржиме нашата самобитност. Си ја исполнуваме задачата, и остваруваме без денгуба.

Доколку секој што го чита ова даде по $donation собирањето средства би траело еден ден во годината. Но не секој може да одвои, и не секој ќе го стори тоа. И тоа е во ред. Секоја година се наоѓаат доволно дарители за да се покриеме.

Затоа годинава би ве замолил да дадете прилог во износ од $donation или онолку колку што можете да одвоите за да ја одржиме самобитноста на Википедија.

Ви благодарам,

Џими Велс
Основач на Википедија

Version 2 (Thousands)

Google и Yahoo имаат илјадници сервери и персонал. Ние имаме околу 800 сервери и 150 вработени.

Википедија е 5-та најпосетена страница на Интернет која ја користат 450 милиони луѓе месечно – со милијарди прегледи на страниците.

Деловното работење е сосема во ред. Рекламирањето не е зло. Но тука не му е местото. Не на Википедија.

Википедија е нешто посебно. Таа е како библиотека или јавен парк, како храм за умот. Место што сите ние го посетуваме за да размислуваме, да научиме и да го споделиме нашето знаење со другите.

Кога ја основав Википедија, можев да ја направам да биде профитна фирма со реклами, но сепак решив да направам нешто поинакво. Низ годините работиме напорно за да ја одржиме нашата самобитност. Си ја исполнуваме задачата, и остваруваме без денгуба.

Доколку секој што го чита ова даде по $donation собирањето средства би траело еден ден во годината. Но не секој може да одвои, и не секој ќе го стори тоа. И тоа е во ред. Секоја година се наоѓаат доволно дарители за да се покриеме.

Годинава би Ве замолил да одвоите $donation и онолку колку што можете - за да ја заштитиме и одржиме Википедија.

Ви благодарам,

Џими Велс
Основач на Википедија