Jump to content

Универзален правилник на однесување/Напатствија за спроведување/Информации за гласачите

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Universal Code of Conduct/Revised enforcement guidelines/Voter information and the translation is 100% complete.
Универзален правилник на однесување

Гласањето за ратификација за Напатствијата за спроведување на Универзалниот правилник на однесување (УПО) се одржа од 17 до 31 јануари 2023 г. во 23:59:59 ч. (UTC) преку SecurePoll. Сите подобни гласачи од Викимедиината заедница имаа можност да се изјаснат во полза или против усвојувањето на овие Напаствија, и да образложат зошто. Ратификацијата на напатствијата е неопходна за да се утврдат начините на спроведување на УПО. Дознајте повеќе поединости со упатството за гласање и условите на подобност подолу.

Информации за гласањето ќе најдете на ЧПП за гласањето

Процес на гласање

Ако имате право на глас:

  1. Прочитајте ги преработените напатствија за спроведување на Универзалниот правилник на однесување.
  2. Одлучете дали сте за или против усвојвуањето на Напатствијата за спроведување. Ако сте против, напишете какви промени препорачувате кога го давате гласот.
  3. Дознајте како да го заведете вашиот глас со SecurePoll.
  4. Појдете на гласачката страница на SecurePoll и проследете ги упатствата.
  5. Потсетете ги другите членови на заедницата да гласаат!

За што гласаме?

Во средината на јануари, Напатствијата за спроведување на Универзалниот правилник на однесување ќе бидат ставени на второ ратификационо гласање во рамките на целата заедница. Ова следи по гласањето во март 2022 г. во кое мнозинството гласачи искажаа поддршка за Напатствијата за спроведување, но истакнаа важни прашања на заедницата за кои Комитетот за работи на заедницата при Одборот побара разгледување. Комитетот за преработка се заложи за да го разгледа изнесеното од заедницата и да направи измени. Ги прилагодија проблематичните делови како приватноста и транспарентноста и барањата за обука и признание.

Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија го поддржува гласањето на заедниците по напатствијата за спроведување на УПО откако самиот ги ратификуваше истите. Доверителите исто така ја забележуваат поддршката за таквото гласање изразена во заедничкото писмо на Арбитражните комисии и испитувањето на доброволечките функционери, членовите на подружниците и нацртната комисија.

Една од клучните препораки на стратешките цели за 2030 г. беше соработното создавање на УПО со цел воспоставување на глобална основа на прифатливо однесување ширум целото движење без толеранција на вознемирување.

Напатствијата за спроведување на Универзалниот правилник на однесување

Овие напатствија се предвидени за спроведување на Универзалниот правилник на однесување. УПО веќе е ратификуван од Одборот на доверители по одржаното советување со заедницата. Вклучува спречувачки, утврдувачки и иследувачки дејства, како и други дејства за справување со кршењето на Универзалниот правилник на однесување. Со спроведувањето ќе се занимаваат (иако не исклучиво) назначени функционери на разни семжрени и вонмрежни Викимедиини проекти, настани и поврзани простори вдомени на платформи од трети лица. Ќе се врши на организиран и навремен начин, доследно ширум сето Викимедиино движење.

Пеработените напатствијата за спроведување на УПО се состојат од два дела:

  • Превентивна работа
    • Подигање на свеста за УПО, препорачување на обука за УПО, меѓу другото.
  • Реактивна работа
    • Подробен опис на процесот за поднесоци, Обработка на пријави за прекршоци, Давање на ресурси за пријавени прекршоци, Одредување на противмерки за прекршоци итн..

Зошто да гласате?

Ратификацијата на напатствијата за спроведување е неопходна за да дојдеме до конечна одлика за начините, постапките и дејствата за УПО. Гласањето за Напатствијата за спроведување е предвидено да ја оцени поддршката за УПО меѓу членовите на заедницата и да прибере мислења ако гласачите имаат замерки за тековните предлози. Како и да е, важно е да го дознаеме вашиот став по пат на гласање и, ако гласате „не“, важно е да се искажете за тоа кој дел или делови од напатствијата не ви одговараат и зошто.

Најважно од сè, гласањето ќе:

  • Осигура дека ставовите на вашиот Викимедиин проект ќе бидат претставени во глобалното гласање.

Како да гласате

Пример за гласачко ливче на SecurePoll. Имајте на ум дека гласачницата може да ви побара да се најавите. Гласот сепак ќе ви се брои.

Прочитајте го овој дел пред да појдете на SecurePoll за да дознаете како гласањето да ви биде лесно и успешно.

  • На ливчето стојат две можности. Изберете „не“ или „да“. Гласовите на кои нема укажано „не“ или „да“ нема се важат во конечното пребројување.
  • Во полето „Коментар“ можете да оставате ваши мисли и забелешки за напатствијата.
  • SecurePoll потоа ќе ве извести дека гласот ви е заведен.
  • Дозволено ви е да се премислите. Гласајќи повторно ќе го замените претходниот глас. Ова можете да го правите бесконечно многу пати.

Како се одредува исходот од гласањето?

За ратификација во Одборот на доверители е потребно да добиеме поддршка од 50 % од учесниците. Во моментов движењето нема единствена практика за одлучување во гласачките процеси (некои процеси бараат двотретинско мнозинство, кај други важи просто мнозинство (50 % +1); трети пак избегнуваат да одлучуваат со броење на гласовите). Во овој процес се водиме според начинот на кој се спроведуваат највеќето државни референдуми, што значи дека се бара просто мнозинство.

Гласовите ќе се разгледуваат од независна група на доброволци, па исходот ќе биде објавен. Гласачите и овојпат ќе можат да гласаат и споделуваат мислења за напатствијата. Одборот на доверители ќе обрати внимание на степенот на поддршка за изнесените мислења при разгледувањето на ратификацијата на Напатствијата за спроведување или нивна понатамошна разработка.

Дали лицата вон Фондацијата Викимедија ќе бидат вклучени во надзор врз гласањето за проверка на неговата веродостојност?

Исходот од гласањето ќе биде проверен за неправилности од доброволечки викимедијанци кои имаат искуство со гласања во движењето и процесите на проверка. Нивните имиња ќе бидат објавени подоцна.

Право на глас

Општо правило

За да имате право на глас не смеете да бидете блокирани на повеќе од еден проект.

Уредници

Можете да гласате од една регистрирана сметка што ја поседувате на некое Викимедиино вики. Дозволено ви е да дадете само еден глас, без оглед на тоа колку сметки имате. За да бидете подобни, со оваа една сметка мора:

  • да не сте блокирани на повеќе од еден проект;
  • да не сте бот;
  • и да имате направено барем 300 уредувања пред 3 јануари 2023 г. на едно или повеќе од Викимедиините викија;
  • и да имате направено барем 20 уредувања помеѓу 7 јули 2022 и 3 јануари 2023 г.

Алатката за проверка на подобност брзо ќе ви каже дали имате право на глас.

Разработувачи

Разработувачите имаат право на глас ако:

  • се администратори на Викимедиин опслужувач со пристап до обвивката
  • или имаат направено барем една ускладена преработка на било кое од Викимедиините складишта на Gerrit помеѓу 3 јули 2022 и 3 јануари 2023 г.

Дополнителни критериуми

  • или да имате направено барем една ускладена преработка на било кое складиште во nonwmf-extensions или nonwmf-skins помеѓу 3 јули 2022 и 3 јануари 2023 г.
  • или да имате направено барем една ускладена преработка на било кое Викимедиино складиште на алатки (на пример magnustools) помеѓу 3 јули 2022 и 3 јануари 2023 г.
  • или да имате направено барем 300 уредувања пред 3 јануари 2023 г. и барем 20 уредувања помеѓу 3 јули 2022 и 3 јануари 2023 г. на translatewiki.net.
  • или одржувачи/учесници на било која алатка, ботови, кориснички скрипти, алатки и Lua-модули на Викимедиините викија;
  • или да сте зеле значајно учество во осмислувањето и/или разгледувањето на техничкиот развој поврзан со Викимедија.

Напомена: Доколку ги задоволувате главните критериуми, веднаш ќе можете да гласате. Поради техничките ограничувања на SecurePoll, оние што ги задоволуваат дополнителните критериуми можеби нема да можат да гласаат непосредно, освен ако не ги исполнуваат другите критериуми. Ако сметате дека ги задоволувате дополнителните критериуми, пишете ни на ucocproject@wikimedia.org со вашето образложение барем четири дена пред последниот ден за гласање, т.е. на или пред 27 јануари 2023 г. Ако ги задоволувате критериумите, ние ќе ве додадеме на рачен список, и така ќе можете да гласате.

Персонал и надворешни изведувачи на Фондацијата Викимедија

Тековниот персонал и надворешните изведувачи на Фондацијата Викимедија имаат право на глас ако работеле за Фондацијата на 3 јануари 2023 г.

Персонал и надворешни изведувачи на подружниците на Викимедииното движење

Тековниот персонал и изведувачи на Викимедиин огранок, тематска организација или корисничка група имаат право на глас ако работеле во нивната организација на 3 јануари 2023 г.

Членовите на формални органи според утврденото во статутите на тековните Викимедиини ограноци, тематски организации или кориснички групи имаат право на глас ако биле на таа функција на 3 јануари 2023 г.

Членови на Одборот на Фондацијата Викимедија и членови на Советодавниот одбор

Тековни и поранешни членови на Одборот на доверители и Советодавниот одбор на Фондацијата Викимедија имаат право на глас.

Членови на Викимедиините комитети

Тековните членови на комитетите на Викимедииното движење имаат право на глас ако биле на таа функција на 3 јануари 2023 г.

Приредувачи во заедниците на Викимедииното движење

Приредувачите во заедниците кои немаат прекршоци, а не се подобни според другите категории сепак имаат право на глас ако задоволуваат едно од следниве:

  • имаат побарано, добиено и дадено отчет за барем една Викимедиина доделба на средства од 1 септември 2021 г. наваму
  • приредиле барем еден финансиран хакатон, натпревар или друг Викимедиин настан документиран на вики и со барем 10 присутни/посетители/учесници помеѓу 3 јануари 2022 и 3 јануари 2023 г.

Дополнителни критериуми

Ако сметате дека ги задоволувате дополнителните критериуми, пишете ни на ucocproject@wikimedia.org со вашето образложение барем четири дена пред последниот ден за гласање, т.е. на или пред 27 јануари 2023 г. Ако ги задоволувате критериумите, ние ќе ве додадеме на рачен список, и така ќе можете да гласате.

ЧПП за гласањето

  1. Како да ја проверам мојата подобност?
    Уредниците можат да се послужат со алатката Подобност на сметка за да проверат дали имаат право на глас на овие избори. Вашиот број на придонеси и историја на уредувања се прикажани на страницата со информации за глобална сметка.
  2. Како се одредуваат условите за подобност?
    Одборот на Фондацијата Викимедија ги одреди условите за подобност пред почетокот на изборите. Тоа се истите услови што се користат во изборите за Одбор на доверители.
  3. Подобен гласач не може да гласа
    Може да ја добиете пораката: „За жал, не сте на списокот на предодредени корисници овластени да гласаат на овие избори.“
    Решенија

    Проверете дали сте најавени.

    Осигурајте се дека гласате од Мета. Послужете се со оваа врска за да појдете на почетната гласачка страница.

    Ако сте разработувач, член на персоналот на Фондацијата Викимедија, член на Одборот на Викимедииното движење или член на Советодавниот одбор, може да немате конкретно корисничко име и да треба рачно да ве додадеме во гласачкиот список. Ќе треба да се обратите на ucocproject@wikimedia.org во рок од 72 часа за да бидете ставени на списокот.

    Ако сепак не можете да гласате и сметате дека ова е грешка, оставете порака на разговорната страница на изборите или обратете се кај Изборната комисија на ucocproject@wikimedia.org. Би требало да добиете одговор во рок од 72 часа.

  4. Не можам да се најавам на VoteWiki
    Нема потреба да се најавувате на VoteWiki за да гласате. Ако го гледате гласачкото ливче, тоа значи дека SecurePoll успешно ве препознал. Од безбедносни причини, само ограничен број на сметки се регистрирани на VoteWiki.
  5. Дали било кој може да види за кого имам гласано?
    Не, изборите се безбедни. Го користиме програмот SecurePoll. Гласовите се тајни. Никој од Изборната комисија, Одборот или било кој вработен во Фондацијата Викимедија нема пристап до тие информаици. Шифрарниот клуч за изборите е кај член на екипата „Доверба и безбедност“. Штом клучот се активира, изборите запираат.
  6. Какви податоци за гласачите собирате?

    Неколку лица имаат увид во извесни лично препознатливи информации за гласачите. Тие вршат проверка и броење на гласовите. Проверувачите на ратификацијата се објавени погоре.

    Тука се подразбираат и IP-адреси и кориснички вршител. Овие податоци автоматски се бришат 90 дена по изборите.

  7. Како ќе се користат податоците?
    Мерилата за изборите ќе бидат претставени на страницата за исход од изборите на Мета и извештајот што излегува по извршената анализа. Нема да се објавуваат никакви лично препознатливи информации. Ваквите информации служат да го утврдиме бројот на независни гласачи и нивната рапределеност по светот.
  8. Кога гласам, не гледам потврда дека гласот е примен, и се јавува автоматска порака што ми вели дека треба да се најавам за да гласам. Што се случува?

    Нема потреба да се најавувате на VoteWiki за да гласате. Оваа грешка веројатно е проблем со меѓускладирањето. Пробајте да гласате повторно на m:Special:SecurePoll/vote/394.

    Исто така, знајте дека слободно можете да ги измените своите претпочитања неограничен број пати. Ќе се складира само еден глас по корисник, па така системот просто ќе го замени вашиот стар глас со новиот, а стариот ќе го поништи.

    Кога ќе заврши гласачкиот процес, на екранот ќе ви се покаже потврда која можете да ја чувате како доказ дека сте гласале.

  9. Како се штитите од повеќе гласови од еден ист корисник?
    Системот складира само еден глас по корисник. Слободно можете да ги измените своите претпочитања неограничен број пати. Ќе се складира само еден глас по корисник, па така системот просто ќе го замени вашиот стар глас со новиот, а стариот ќе го поништи.
  10. Дали ги поттикнувате вработените да гласаат како што ќе им се каже?
    Не, на вработените во Фондацијата Викимедија и оние во нејзините подружници не им се кажува за што/кого да гласаат. Би сакале секој да гласа независно. За да бидат делотворни, напатствијата за спроведување на Правилникот на однесување потребни ни се искрени мислења за да видиме каде треба да се подобриме.
  11. Дали екипата „Доверба и безбедност“ е пристрасна во однос на исходот од гласањето?
    Единицата „Доверба и безбедност“ има три гранки: Политика, Дезинформации и Операции. Екипата која работи на УПО е онаа за Политика. Оваа екипа не се занимава со иследување на корисничкото однесување. Иако не се смета дека екипата Операции е пристрасна, оваа поделба на функциите е намерно предвидена токму за да се одбегнат пристрасности. Екипата Политика не се оценува според тоа дали овој соработно создаден документ ќе наиде на одобрение во првиот круг или треба понатамошна доработка. Таа се оценува според тоа дали работи добро со заедницата. Ова значи осмислување на соработен пристап во спроведувањето на УПО кое ќе биде соодветно за учество на заедницата. Наша цел е што подобро да ја исполниме таа должност.
  12. Други прашања, неспомнати овде
    За технички грешки или грешки во гласачкиот систем, пишете на ucocproject@wikimedia.org. Наведете го корисничкото име со кое се обидувате да гласате и од кој проект тоа го правите. Ќе добиете одговор од член на екипата во најкраток можен рок.