Jump to content

Stewards/elections 2011/Guidelines/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Оваа страница е водич за корисниците кои се заинтересирани да гласаат или да се кандидираат за изборите за надзорници. Прочитајте ја содржината на сите поднаслови што се однесуваат на вас.

Гласачи

[edit]

Пред да можете да гласате, ќе морате:

  • да имате сметка на Мета (ова вики);
  • да имате глобална сметка (или во корисничката страница на Мета да имате врска до корисничката страница на вашето главно вики, и обратно);
  • да не ја користите сметката претежно за вршење на автоматизирани (ботовски) задачи;
  • да имате извршено барем 600 уредувања пред 1 ноември 2010 (на едно вики, или вкупно толку на сите ваши обединети викија);
  • да имате извршено барем 50 уредувања во периодот помеѓу 1 август 2010 и 31 јануари 2011 (на едно вики, или вкупно толку на сите ваши обединети викија).

Можете автоматски да проверите дали сте подобни да се кандидирате.

Преведувачи

[edit]

Преведете ги следниве страници на вашиот јазик:

Предлози за учесниците

[edit]
  • Можете да им поставувате прашања на кандидатите на страницата Прашања за кандидатите.
  • Можете да напишете и кратко образложение за вашиот глас (max. ред-два). Долгите разговори (одговори на нечии гласови) може да бидат преместени на страницата за разговор, а на нивно место да има белешка, упатувајќи ги заинтересираните на новата страница.
  • Бидејќи некои корисници имаат одбрано да не примаат централно известување (CentralNotice), би било пожелно да ги известите и другите корисници кои сметате дека би биле заинтересирани да гласаат

Кандидати

[edit]

Услови

[edit]

Пред да се пријавите са надзорник, ќе морате:

  • да се согласите да се придржувате со правилата што се однесуваат на правата за надзорништво, проверка на корисници, надзор и приватност;
  • да имате глобална сметка (SUL);
  • да имате сметка на Мета (приложена кон вашата обединета сметка);
  • да имате сметка на барем еден проект на Викимедија кајшто сте активни барем шест месеци;
  • да сте или да сте биле администратор на едне проект на Викимедија во времетраење од барем три месеци.

(Можете автоматски да проверите дали ги задоволувате условите.)

Исто така, бидејќи надзорничката работа може да има правни последици (погледајте ги правилата за проверка на корисници и надзор), ќе морате:

  • да имате барем 18 години, и да сте барем полнолетни во вашата земја, пред последниот ден на гласањето;
  • на Фондацијата Викимедија да ѝ доставите лична исправа со име и презиме.

Се претпочита надзорниците да знаат повеќе од еден јазик, бидејќи честопати ќе треба да работат со проекти на разни јазици, но ова не е задолжителен услов. Треба да се на располагање разумно често. Правилата за надзорници налагаат извесни ограничувања. На пример, надзорниците не смеат да го користат тоа право на проектите кајшто се активни со цел да се избегне судир на интереси, и се препорачува да ја следат страницата за барања до надзорниците и да се на располагање да помогнат. Исто така можат да се приклучат на IRC-каналот #wikimedia-stewardsconnect на freenode за да одговараат на прашања и барања.

На неактивните надзорници ќе им се одземе тоа право.

Пријавување

[edit]

Ако сакате да се кандидирате за надзорник, проследете ги следниве чекори.

Направете своја страница за излагање и гласање

[edit]
  • Создајте потстраница (само отворете ја и зачувајте ја)

  • Пополнете ја страницата со следниве информации:
    • Вашето вистинско име (незадолжително);
    • врска до вашата корисничка сметkа на Мета и врска до друга лична сметка што ги задоволува условите.
    • список на јазици што ги познавате, користејќи ги кодовите за познавање на јазици како „en-3“, „es-3“ или „es-2“ (погледајте: {{user language}}).
    • краток опис на вашита ангажираност и активности во Викимедија. Од особен интерес се кандидатите со администраторско или бирократско искуство, доброволна работа како вклученост во екипата за одговарање на е-пошта или Арбитражниот комитет, и сето друго што го сметате за релевантно. Ако сакате да добиете повеќе идеи, прочитајте ги излагањата на другите кандидати.
  • Сега создајте ја вашата страница за гласање (не правете никакви измени, само создајте ја):

Поднесете лична исправа

[edit]