!!FUZZY!!Повелба на движењето
Повелбата на движењето е предложен документ кој ги определува улогите и должностите на сите членови и единици на Викимедииното движење, вклучувајќи го создавањето на нов Глобален совет за управување со движењето.
Повелбата на движењето претставува приоритет на Стратегијата на движењето.
За повелбата
Предлогот во Стратегијата на движењето да се „обезбеди рамноправност во носењето одлуки“ вели дека Повелбата на движењето ќе го обезбеди следново:
- Поставање на вредности, начела и правила како темел за структурите на Движењето, вклучувајќи ги улогите и должностите на Глобалниот совет, регионални и тематски средишта, како и други постоечки и нови единици и одлучувачки органи,
- Задавање на барања и услови за одлуки и постапки кои важат за целото Движење како легитимни и поверителни за сите заинтересирани страни, како на пр. за:
- Одржување на безбедни соработни средини,
- Обезбедување и распределба на доходи ниво на целото Движење,
- Давање на заедничка насока во начинот на распределба на ресурсите со прикладни механизми за отчетност.
- Определување на тоа како заедниците ќе работат заедно и ќе бидат меѓусебно отчетни.
- Поставања на очекувања за учество и правата на учесниците.
Времеслед
Ова е динамички времеслед. Иако во општи црти ги покажува чекорите кон создавањето на Повелбата на движењето, датумите може да се изменат подоцна. Овие измени потенцијално би се вршеле за да се избегне избрзување на постапката, особено при советување со заедницата и другите заинтересирани страни, што тешко се ограничува во крути временски рокови.
Период | Чекор |
---|---|
ноември 2021―јануари 2022 | Поставање на системите за поддршка и внатрешните постапки на Нацртната група Истражување и собирање на информации |
февруари 2022―октомври 2022 | Истражување и собирање на информации Создавање на првичен нацрт на содржината на Повелбата во советување со сите заинтересирани страни |
ноември 2022 | Објавување на првиот круг на нацрт-главите на Повелбата (Преамбула, Вредности и начела и Изјава за намерите за улогите и должностите) |
ноември 2022―јануари 2023 | Советување со заедницата за првиот круг на нацрт-главите на Повелбата на движењето |
февруари 2023―март 2023 | Разгледување на дадените мислења и преработка на првиот круг на нацрт-глави |
април 2023 | Советување со заедницата по предлогот за методологија за ратификација на Повелбата на движењето |
април 2023―јули 2023 | Изготвување нацрти за вториот круг на глави од Повелбата на движењето |
јули 2023 | Втор круг на нацрт-глави на Повелбата на движењето (објавување на Средиштата и Глобалниот совет) |
јули 2023―септември 2023 | Советување со заедницата во врска со вториот круг на нацрт-глави на Повелбата на движењето |
септември 2023―декември 2023 | MCDC consultations at local events |
ноември 2023―март 2024 | Review of feedback and second iteration drafting of full Movement Charter |
2 април 2023 | First version of the full Movement Charter published |
април 2024 | Community engagement on the full charter draft |
мај 2024―јуни 2024 | Finalization of the full charter text based on community feedback Preparation for the ratification vote of the Movement Charter |
10 јуни 2024 | Publication of the final version of the Movement Charter text |
25 јуни 2024―9 јули 2024 | Постапка за ратификација на Повелбата на движењето |