Jump to content

Translation requests/WMF/Terms of Use/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki

Услови на употреба

[edit]
Замислете свет во кој секоја личност има слободен пристап до целокупното човеково знаење. Кон тоа се стремиме.
Изјава за визијата на Фондацијата Викимедија

Информација за текстуалните корисници

[edit]

За да расте заедништвото на слободно знаење и слободна култура, сите корисници кои придонесуваат на проектите на Викимедија се задолжени да овозможат широки дозволи до општата јавност за слободна редистрибуција и реупотреба на нивните придонеси, сè додека употребата има препишана заслуга и истата слобода за редистрибуција и реупотреба важи на било кое дело кое настанало од оригиналното. Според тоа, за било кој текст за кој ги држите авторските права, со неговото поднесување се согласувате дека го лиценцирате под Creative Commons Attribution/Share-Alike License 3.0 (Unported). Заради соодветност и складност, Вие сте исто така задолжени да ги лиценцирате под GNU Free Documentation License (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици.). Рекорисниците можат да изберат со која лиценца(и) да работат. Ве молиме земете предвид дека овие лиценци дозволуваат комерцијални употреби на Вашите придонеси, сè додека таквите употреби се согласни со условите.

Како автор, Вие се согласувате да добиете заслуга преку еден од овие начини: а) преку хиперврска (каде што е тоа можно) или URL до статија или статии до кои имате придонесено, б) преку хиперврска (каде што тоа е можно) или URL до алтернативна, стабилна онлајн копија која е слободно пристапна, што се согласува со лиценцата и која овозможува заслуга до авторите на начин кој е еквивалентен на заслугата дадена на ова мрежно место, или в) преку список на сите автори (било кој список на автори може да биде филтрирана за да ги исклучи многу малите или неважните придонеси.).

Увезување на текст:

Ако сакате да увезете текст кој го имате пронајдено на друго место или го имате под коавторство со други, Вие смеете тоа да го направите само ако е достапен под услови кои се согласни со CC-BY-SA лиценцата. Не мора да осигурувате или да гарантирате дека увезениот текст е достапен под ГНУ-овата лиценца за слободна документација - ГЛСД (GNU Free Documentation LicenseGFDL). Покрај тоа, Ве молиме забележете дека не можете да увезете информации кои се достапни само под ГЛСД. Со други зборови, можете да увезете текст кој е (а) лиценциран со една лиценца под услови согласни со лиценцата CC-BY-SA (б) двојно лиценцирано со ГЛСД и со друга лиценца согласна на лиценцата CC-BY-SA .

Ако увезувате текст под складна лиценца која бара давање заслуга, Вие морате, на разумен начин, да дадете заслуга на авторот/авторите. Онаму каде што таква заслуга се дава само преку страниците на историите (како на пример, Викимедија интерно копирање), доволно е да се даде заслуга во описот на промените кој е зачуван во историјата на страницата при увозот на текстот. Без разлика на лиценцата, текстот кој го увезувате може да биде одбиен ако бараното давање на заслуга се смета за премногу наметлив.

Информација за учесниците што придонесуваат со нетекстуални содржини

[edit]

Нетекстуалните содржини на проектите на Фондацијата Викимедија се достапни под различни лиценци кои ја поддржуваат целта на дозволување неограничена повторна употреба и дистрибуција. Барањата за такви лиценци се дадени во Принципот за лиценцирање на Фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation Licensing Policy). Индивидуалните заедници можат да елаборираат за нив и да ги рефинираат овие барања.

Информација за рекорисници

[edit]

Можете слободно да реупотребите содржина од проектите на Викимедија, со исклучок на содржина која е дадена под „фер употреба“ исклучоците или слични исклучоци од законот за авторско право. Ве молиме следете ги следниве напатствија:

Реупотреба на текст:

  • Давање заслуга (наведување извор): За да редистрибуирате текстуална страница во било која форма, овозможете заслуга на авторите а) преку хиперврска (каде што е тоа можно) или URL до статија или статии до кои имате придонесено, б) преку хиперврска (каде што тоа е можно) или URL до алтернативна, стабилна онлајн копија која е слободно пристапна, што се согласува со лиценцата и која овозможува заслуга до авторите на начин кој е еквивалентен на заслугата дадена на ова мрежно место, или в) преку списокот на сите автори (било кој список на автори може да биде филтрирана за да ги исклучи многу малите или неважните придонеси.). Ова важи за текст развиен од заедницата на Викимедија. Текст од надворешни извори може да има прикачено дополнителни барања за давање заслуга кои ние ќе се обидеме јасно да Ви ги покажеме. На пример, одредена страница може да има плакат (banner) или друга нотација која укажува целата содржина или дел од неа е оригинално издадена на некое друго место. Онаму каде што таквите нотации се видливи на самата страница, тие треба општо да бидат зачувани од понатамошните корисници.
  • Копилефт/Сподели под исти услови: Ако правите модификации или додатоци на страницата која ја реупотребувате, Вие морате да ги лиценцирате под Creative Commons Attribution-Share-Alike License 3.0 или подоцнежни верзии.
  • Индицирајте ги промените: Ако правите модификации или додатоци, морате да индицирате на разумен начин дека оригиналното дело е модифицирано. Ако ја реупотребувате страницата во едно вики, на пример, индицирањето на ова страницата за историја е доволно.
  • Забелешка за лиценцирањето: Секоја копија или модифицирана верзија која ќе ја дистрибуирате мора да содржи забелешка за лиценцирањето која ќе тврди дек делото е издадено под CC-BY-SA и или а) хиперврска или URL до текстот на лиценцата или б) копија на лиценцата. За оваа цел, задоволителен URL е: http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/

Дополнителна достапност на текст под GNU Free Documentation License:

  • Заради причини поврзани со компатибилноста, било која страница која не вклучува текст кој е ексклузивно достапен под условите на CC-BY-SA или на CC-BY-SA-компатибилна лиценца е исто така достапен под условите на GNU Free Documentation License. За да утврдите дали една страница е достапна под GFDL, погледнете ја долната маргина на страницата, историјата на страницата и страници за дискусија за давање заслуга на еднолиценцирана содржина која не е GFDL-компатибилна. Целиот текст издаден пред 15 јуни 2009 беше издаден под GFDL и можеби ќе мора да ја користите историјата на страницата за да вратите содржина пред тој датум за да осигурате компатибилност со GFDL.

Употреба на нетекстуални содржини вон Викимедија:

  • Онаму каде што не е означено на друг начин, нетекстуалните податотеки се достапни под различни лиценци на слободната култура, согласни со Начеалата за лиценцирање на Фондацијата Викимедија. Ве молиме видете ја страницата за објаснување на медиумот за детали за лиценцата на било која конретна податотека.

Преседан на англиски поими

[edit]

Поимите на ова мрежно место не смеат да бидат модифицирани. Ако постои несогласност меѓу овие поими и било кој превод во друг јазик, англиската јазична верзија зема преседан.