Jump to content

Прибирање средства 2012/Превод/Обраќање на Шрикајт и Нупур

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Fundraising 2012/Translation/Srikeit&Noopur Appeal and the translation is 100% complete.

1

Во организиран обид да се намалат трошоците, функционерите предложиле да се затвори патентното биро бидејќи се чинело дека сè што може да се измисли е веќе измислено и патентирано.

Знаеме колку биле во право!

Денес луѓето гледаат 22 милиони статии на Википедија и мислат дека денес има статии на секоја можна тема. Но тоа не е вистина. Имаме уште многу несвршена работа.

Јас сум Шрикајт и мојата другарка се вика Нупур. Ние сме дел од најголемата генерација на млади во светот. Впрочем, над половината од 1,2 милијарди жители на Индија се помлади од 25 години. Нашата генерација ги ужива благодетите на подобро образование, поголема писменост и широка застапеност на интернетот. Светот се менува, и ние учествуваме во неговото менување. Но сепак имаме уште многу да оствариме.

Преку овој чудесен проект -- Википедија -- сето знаење од целиот свет можеме да го донесеме во Индија. Воедно можеме знаењата на Индија да му ги понудиме на светот.

Би ве замолиле да дадете прилог, онолку колку што можете, за да помогнеме во развојот на Википедија. Нè чека уште многу работа.

Bio

Шрикaјт живее во Мумбај, каде работи во меркетиншка агенција. Нупур спрема докторат по кинематографија. Шрикајт и Нупур се другари веќе пет години. Нивното другарство се продлабочи откако Шрикајт ја воведе Нупур во Википедија. Тогаш почнаа да работат заедно за да ги информираат пријателите и колегите како и тие да учествуваат на Википедија.