Jump to content

Fundraising 2010/Jimmy appeal 2/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki

Јас сум доброволец.
Не добивам ни цент за тоа што го работам на Википедија, а истото важи и за илјадниците доброволци што пишуваат и уредуваат статии. Кога ја основав Википедија, можев да ја направам да биде профитна фирма со реклами, но сепак решив да направам нешто поинакво.

Деловното работење е сосема во ред. Рекламирањето не е зло. Но тука не му е местото. Не на Википедија.

Википедија е нешто посебно. Таа е нешто како библиотека или градски парк. Како храм за умот. Место што сите ние го посетуваме за да размислуваме, да научиме и да го споделиме нашето знаење со другите. Ова е беспримерен проект на човештвото, прв и единствен од тој вид во историјата. Ова е хуманитарен проект - бесплатна и слободна енциклопедија за сите жители на планетава.

За секој човек на светов.

Ако сите 400 милиони корисници на Википедија дадат по $1, ќе собереме 20 пати повеќе од што ни треба. Ние сме мала организација, и како таква низ годините работиме напорно за да ја одржиме нашата самобитност. Си ја исполнуваме задачата, и остваруваме без денгуба.

Но за да нема реклами, потребни ни сте вие. Овој сон е стварност благодарение на вас. Вие сте тие што ја создадовте Википедија. Вие сте тие што сметате дека вреди да се има место кајшто ќе можеме спокојно да размислуваме и осознаваме.

Затоа годинава би ве замолил да дадете прилог во износ од $20, $35, $50 или онолку колку што можете - за да ја заштитиме и одржиме Википедија.

Ви благодарам,

Џими Велс
Основач на Википедија