Jump to content

Прибирање средства 2012/Превод/Информативни страници за дарителите

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Fundraising 2012/Translation/Donor information pages and the translation is 98% complete.
Outdated translations are marked like this.


Откажување или измена на постојани прилози

Ви сакале да Ви се благодариме за Вашиот придонес и поддршката на Фондацијата Викимедија. Свесни сме дека понекогаш околностите се менуваат, оневозможувајќи постојани прилози. За да ја откажете или измените постојаната уплата, проследете ги следниве напатствија:

PayPal
  • Ќе треба да се најавите на PayPal и да појдете во „My Account“ (вашиот профил) и да стиснете на „Account info“ (информации за сметката), а потоа на „Preapproved payments“ (претходно одобрени плаќања).
  • Оттука следете ги напатствијата на екранот. Повеќе информации ќе најдете на $url.
  • Друга можност е да ги проследите напатствијата за кредитна картичка. Имајте на ум дека прилозите дадени со PayPal можеме само да ги откажуваме, но не и да ги менуваме.
Кредитна картичка
  • Пишете на giving(_AT_)wikimedia.org, наведувајќи каква измена сакате да направите и колку што можете повеќе информации за изворниот прилог како:
    • Е-поштенската адреса што се користеше во сметкопотврдата
    • Полно наведено име
  • Ќе добиете потврда по е-пошта кога ќе ја извршиме измената.

Проблеми со дарувањето

Ако имате проблеми со дарувањето или сакате да поставите некое прашање, тогаш погледајте ја страницата „Често поставувани прашања“. Доколку сè уште имате неодговорени прашања, или ви треба помош за да ја проследите уплатата, обратете се на donate@wikimedia.org.

Дали мрежното место е безбедно?
Порталот за доброволни прилози на Фондацијата Викимедија е крајно безбеден, за што се грижи Verisign Trusted. Откако ќе стиснете на плакат или ќе проследите врска за дарување, ќе бидете одведени на сосем безбедна страница (https); сите податоци се шифрирани и се обработуваат следејќи ги највисоките стандарди на заштита.
Сè уште не се нуди начинот на плаќање што го преточитам.
Жалиме што засега не можеме да Ви го понудиме начинот на уплата што го сакате; во иднина се надеваме дека ќе имаме повеќе можности за дарување и повеќе валути. Би сакале да знаеме кои начини ги претпочитате Вие, и кои се практикуваат во Вашата земја - пишете ни, наведувајќи ја земјата и начинот на плаќање.
Ќе се обидеме да ги додадеме овие можности во блиска иднина. Во меѓувреме, погледајте ги засега расположливите можности: Начини на дарување
$waystogiveurl
Зошто ми ја одбија уплатата од кредитна/дебитна картичка?
Доколку уплатата ви е одбиена или не можевте да ги внесете податоците за картичката на нашата страница, проверете дали за вашата картичка важи некој од следниве случаи:
  • Вашата кредитна/дебитна картичка треба да е оспособена за меѓународна употреба. Картичките кои важат само за домашна употреба засега не се прифаќаат. Јавете се во банката и побарајте да ви овозможат меѓународен пристап.
  • Кредитните картички од САД, Велика Британија и Канада се прифаќаат само во матичните земји.
  • Засега не ги прифаќаме сите виртуелни картички. Виртуелните картички често се користат за купување на интернет со цел да се заштитат чувствителните податоци на вашата физичка картичка. Меѓутоа, можете да бидете спокојни, бидејќи зад уплатите на нашите сметки стојат професионални обработувачи по највисок стандард, па така вашите информации се крајно безбедни. Затоа, ако системот ви ја одбие виртуелната картичка, слободно користете ја нормалната кредитна/дебитна картичка.
  • Ако користите дебитна картичка, имајте предвид дека безбедносниот број (C V V) е незадолжителен. Ако вашата дебитна картичка нема C V V, тогаш едноставно изоставете го тоа поле.
  • Вашата банка може да ја ставила уплатата за дополнителни проверки. Ова особено се случува ако ви е прв пат да уплаќате прилог за Викимедија. Јавете се во банката и побарајте да ги одблокираат идните префрлања на Викимедија, за да можете непречено да уплаќате во иднина.
Зошто добив уверение за предупредување/грешка кога уплаќав?
Не грижете се. Ова веројатно се должи на тоа што имате застарена верзија на прелистувачот. Подновете го или користете друг прелистувач. Ако проблемот продолжи да се појавува, пишете ни на donate@wikimedia.org

Правила за повраток на средства

Доколку од некоја причина сакате да си ги повратите дадените средства, пишете ни на donate@wikimedia.org. За да го извршиме повратокот, ќе ни требаат следниве информации:

  • Датум на дарувањето (Сите барања за повраток мора да се поднесат во рок од 90 дена од дарувањето)
  • Уплатениот износ (уплатите поголеми од USD $10.000 се сметаат за крупни и подлежат на договорот за средства склучен помеѓу Фондацијата и дарителот)
  • Полно име
  • Употребен начин на уплата (кредитна картичка, банкарско префрлање, E-wallet, ...)
  • Земја на потекло
  • Причина за повратокот

Имајте предвид дека некои начини на уплата не допуштаат повраток, или пак може да налагаат повратоците да се вршат по истиот пат. Затоа, може да бидат потребни дополнителни информации за да се изврши повратокот. Сите барања за повраток ќе бидат обработени во најкус можен рок, но истиот може да зависи од начинот на плаќање.

Истомерно дарување

Истомерното дарување е одличен и лесен начин да да го удвоите (па дури и утроите) прилогот за Фондацијата Викимедија. Многу фирми ја поддржуваат филантропијата на нивните вработени, нудејќи програми за истомерно дарување. Дарувајќи преку таков програм, ја зголемувате вредноста на дарувањето без зголемен трошок на ваша сметка. Проверете во кадровото одделение (човечки ресурси) дали вашата фирма би извршила истомерно дарување за Фондацијата Викимедија.

Како работи програмот?

Иако програмите можат да се разликуваат од една до друга фирма, постапката обично е мошне проста:

  1. Проверете дали вашата фирма има програм за истомерно дарување и побарајте го соодветниот образец од работодавачот
  2. Пополнете го образецот и испратете ни го на адресата:
    Wikimedia Foundation, Inc.
    P.O. Box 98204
    Washington, DC 20090-8204 USA
  3. или по е-пошта: matching@wikimedia.org
  4. Фондацијата Викимедија ќе изврши проверка за да ја потврди вашата уплата и ќе ѝ го врати образецот на вашата фирма
  5. Вашата фирма ќе придонесе, уплаќајќи го истиот износ
  6. Истоветните уплати треба да се испраќаат на:
За ваша евиденција, нашиот даночен број е:

Здружена федерална кампања

Фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation, Inc.) е регистрирана добротворна организација во Здружената федерална кампата (CFC) на САД како национална/меѓународна независна организација. Нашиот број е: 61478. 61478.

Организации што ја поддржуваат (или поддржале) на Фондацијата Викимедија со дарежливоста на нивните вработени

Многу луѓе и нивните работодавачи веќе се здружија во дарувањето на средства за Фондацијата Викимедија. Ние сме им многу благодарни за нивната поддршка и великодушност. Доколку некој веќе дал истомерен прилог, повеќе за нивниот програм за истомерно дарување можете да прочитате тука: