Jump to content

Фондација Викимедија - Избори 2013

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Wikimedia Foundation elections 2013 and the translation is 90% complete.
Info The election ended 22 June 2013. No more votes will be accepted.

The results were announced on 24 June 2013.

Да ги преведеме изборите.

Process

Овогодишните избори на Фондацијата Викимедија ќе се одржат на 8–22 јуни 2013 г. Членовите на заедницата имаат прилика да избираат од кандидатите за три функции:

  • Три кандидати за Одборот на доверители - двегодишен мандат со истек во 2015 г. Одборот е врховниот управен орган на Фондацијата Викимедија, непрофитна организација согласно 501(c)(3) регистрирана во САД. Фондацијата раководи со голем број на разновидни проекти како Википедија и Ризницата.
  • Два кандидата за Комисијата за распределба на средства (FDC) на Оборот - двегодишен мандат.
  • Еден кандидат како Претставник на FDC (англ. Ombudsperson) - двегодишен мандат.

Изборите се одржуваат на безбеден начин, користејќи го програмот SecurePoll. Гласовите се тајни, и никој од Изборната комисија, Одборот или Фондацијата нема пристап до нив. Шифрарникот го има независно трето лице; штом ќе се пушти, изборите запираат. До извесни лично препознатливи податоци за гласачите (на пр. IP-адреса, кориснички агент и други податоци во голема мера слични на оние што се добиваат со алатката за проверка на корисници (Checkuser)) имаат пристап неколку надлежни лица кои ќе ги прегледуваат и пребројуваат гласовите (изборната комисија). Гласањето се врши по системот „За/Воздржан/Против“. Со пребројувањето на гласовите, кандидатите се рангираат според постотокот на поддршката што ќе ја добијат, што се пресметува како бројот на гласови „за“ поделен со вкупниот број на изјаснувања за тоа лице („неутралните“ изјаснувања не се бројат). Кандидатот со највисок постоток на поддршка се предлага да биде назначен за член на Одборот на доверители.

Изборната комисија ќе го објави исходот на или пред 28 јуни 2013 г. Ќе има и подробна анализа.

Информации за гласачите

Услови

Уредници

Може да гласаат од секоја нивна регистрирана сметка на некое Викимедиино вики. Едно лице може да даде само еден глас, без оглед на тоа колку сметки има. За да може да гласа, сметката мора:

  • да не биде блокирана на повеќе од еден проект; и
  • да не биде блокирана на проектот од кајшто се гласа; и
  • да не биде бот; и
  • да има направено барем 300 уредувања пред 15 април 2013 г. на било кое Викимедиино вики или заеднички (уредувањата од повеќе викија можат да се соберат ако сметките ви се обединети во една глобална сметка); и
  • да имате направено барем 20 уредувања помеѓу 15 декември 2012 и 30 април 2013 г.
Програмери

Програмерите можат да гласаат под услов:

  • да се администратори на Викимедиин опслужувач со пристап до школката; или
  • да имаат пристап за дотур и да имаат направено барем еден присоединет дотур во git помеѓу 1 мај 2012 и 30 април 2013 г.
Персонал и надворешни изведувачи

Тековниот персонал и надворешни изведувачи на Фондацијата Викимедија имаат право на глас доколку биле во работен однос во Фондацијата на 30 април 2013 г.

Членови на Одборот на доверители и Советодавниот одбор

Тековните и поранешните членови на Одборот на доверители и Советодавниот одбор имаат право да гласаат.

Информации за кандидатите

Сите кандидати мора да ги запазат условите за гласачите, како и оние услови што важат за улогите. Повеќе кандидатури за едно лице не се дозволени.

  • Стиснете тука за информации во врска со кандидатите за Одборот на доверители
  • Стиснете тука за информации во врска со кандидатите за Комисијата за распределба на средства (FDC)
  • Стиснете тука за информации во врска со кандидатите за преставник на FDC

Организација

Хронологија

  • 24 април – 17 мај 2013: кандидирања
  • 17 мај 2013: краен рок за испраќање на лична исправа (задоцнетите и загубените не се признаваат)
  • 8–22 јуни 2013: избори
  • 16–18 јуни 2013: пребројување на гласовите и проверки
  • 25–28 јуни 2013: објавување на исходот

Ако сте подобни да гласате:

  1. Прочитајте ги претставувањата на кандидатите и одлучете се кои да ги подджите.
  2. Појдете на страницата „Special:SecurePoll“ („БезбедноГласање“) на некое вики. На пример, ако сте најактивни на викито meta.wikimedia.org, одете на meta.wikimedia.org/wiki/Special:SecurePoll.
  3. Проследете ги напатствијата на таа страница.