Jump to content

Здружение на ограноците на Викимедија/Генерален секретар

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Wikimedia Chapters Association/Secretary-General and the translation is 96% complete.
Outdated translations are marked like this.
This page is currently a draft.
More information pertaining to this page may be available on the talk page.

Звање

Генерален секретар на Здружението на ограноци на Викимедија

Мисија на Здружението на ограноци на Викимедија

Здружението на ограноци на Викимедија или ЗОВ (Wikimedia Chapters Association, WCA) заедничка организација на ограноците на Викимедија во разни делови од светот и ги застапува нивните заеднички интереси. Една од неговите цели е воспоставување, рецензија и примена на стандарди за отчетност и учество во рамките на членството. Здружението овозможува размена на искуства, идеи и знаење помеѓу ограноците и им помага во нивниот организационен развој, како и разработка на заеднички програми и проекти.

Опис на функцијата

Генералниот секретар е началник на организацијата. Избраниот Генерален секретар ќе биде одговорен за:

  • Определување на организациската структура, објавување на понуди за работни места и најмување на службеници во секретаријатот;
  • Изработка на стратешки план на здружението;
  • Грижа за финансиската стабилност на организацијата;
  • Усогласување на сите членки на организацијата;
  • Изработка на годишни програмски планови за остварување на мисијата на ЗОМ;
  • Раководење со сите формални административни задолженија, вклучувајќи финансиски, дописни, правни и технички работи;
  • и подготовка за состаноците на советот на ЗОМ.

Пожелни лични особини

  • Водач - избраниот Генерален секретар ќе треба да ја изгради организацијата од своите зачетоци во согласност со насоките зададени од советот на ЗОВ.
  • Администратор - највеќето задолженија на Генералниот секретар ќе бидат од административна природа. Ќе треба да пишува подробни програмски планови, да прегледува правилници и уредби, финансови извештаи, програмски планови и програмски извештаи на други организации.
  • Одлични комуникациски вештини - едно од главните задолженија на Генералниот секретар е комуникација со ограноците-членки. Тие се распоредени во разни делови од светот и поседуваат најразлични културни навики. Избраниот генерален секретар треба да биде мултикултурно настроен за да може успешно да работи со овие партнери.
  • Желба и спремност за патување ширум светот.
  • Докажано искуство во градење на и раководење со голема и разнообразна организација.
  • За предност се смета искуството со други сродни/меѓународни/доброволни/непрофитни/рецензентски организации.
  • Мора течно да го владее англискиот јазик. Познавањето на други јазици се смета за предност.

Одговара пред

Советот на Здружението на ограноците на Викимедија.

Изборна постапка

  1. Објавување на опис на работното место
  2. Избирање на фирма за ЧР (човечки ресурси)
  3. Избирање на поткомитет (4-5 луѓе) од членовите на заедницата, што ќе има за задача да го избере генералниот секретар.
  4. Интервјуирање на првичните кандидати преку Skype со цел да се направи потесен избор на кандидати.
  5. Лично интервјуирање на кандидатите од потесниот избор.