Jump to content

Fundraising/Translation/Email 2/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Fundraising/Translation/Email 2 and the translation is 100% complete.

%%FIRSTNAME%,— последното писмо од нас

Почитуван поддржувач на Викимедија,

Ова е последниот потсетник што Ви го праќаме. Се надеваме дека ќе бидете во можност да се одзвете на нашиот повик и со тоа да го завршиме ова прибирање на средства. Би Ве замолиле да одвоите некоја минута за да ни помогнете и оваа година да ја зачуваме Википедија — слободна и без реклами.

Никогаш нема да ставиме реклами за да ја зачуваме нашата самобитност и независност. Не примаме владини средства. Опстојуваме со донации од читателите. Доколку сите досегашни дарители дадат по нешто и денес, прибирањето веднаш ќе заврши. Помогнете ни да заборавиме на средства и да му се навратиме на подобрувањето на Википедија.

Неизмерно сме Ви благодарни за Вашата досегашна поддршка. Би ценеле доколку и годинава направите една донација за да ја заштитиме и одржиме Википедија.

Ви благодарам,

Џими Велс
Основач на Википедија

https://donate.wikimedia.org