Испитување на желбите на заедницата/ЧПП
Учество
Зошто да учествувам?
Дали некогаш сте посакале да видите подобрување во функционалноста на википрограмата? Дали имате идеја за нова алатка која би го олеснила користењето на истата? Дали сакате да поддржите нечија постоечка идеја за такво подобрување? Сето тоа можете да го постигнете токму со учество во Испитувањето.
Учествувајќи на Испитувањето на желбите на заедницата имате прилика да ги спроведете промените врз платформата кои ги прават Техничарите на заедницата, екипата на Фондацијата Викимедија. Можете и да соработувате со екипата во изработката на тие алатки.
Како да учествувам?
Можете да учествувате на разни начини. Не мора да имате технички познавања или многугодишно искуство:
Луѓе со регистрирани сметки на било кој Викимедиин проект:
Гласање по предлозите кога ќе почне фазатана гласање
(три недели по отворањето на фазата на предлози)
Учесниците можат да гласаат за било колкав број предлози.
Било кој — вклучувајќи ве и вас:
Што се случува во фазата на предлози?
Во фазата на предлози учесниците од секој проект и јазик можат да поднесуваат предлози за функции и поправки што сакаат да се спроведат во 2023 г.
Техничарите на заедницата прифаќаат највеќе 10 предлози по корисник. Зошто? Прочитајте повеќе на Што понатаму откако ќе го поднесам предлогот?. Ако имате повеќе од 10 идеи, слободно обратете им се на други корисници да ги предложат.
Како да направам добар предлог?
Што е добар предлог? Овие напатствија се наманети да му помогнат на предлогот да има што подобри изгледи да биде избран за исполнување.
Во делокругот на Техничарите на заедницата
Предлогот треба да се однесува на техничка потреба на активните уредници на Википедија. Треба да бара инженерска работа и да НЕ биде врзан за правила или друштвени промени.
Техничарите на заедницата ги одбиваат предлозите ако | Предлози на кои им треба инженерска работа се |
---|---|
|
|
Проект пократок од една година, повеќе од грешка
Испитувањето на желбите на заедницата е ограничено на можностите на Техничарите на заедницата. Екипата е благодарна за „големите идеи“ за Фондацијата и нема да ги занемари.
The team is grateful for "big ideas" for the Foundation and doesn't ignore them. However, some proposals require a dedicated team other than Community Tech.
Сепак, некои предлози бараат посветена екипа, поинаква од Техничарите на заедницата. Таквите ќе бидат преместени на одделна страница и по нив нема да се гласа. Подоцна, врската до таа страница ќе биде споделена со други екипи на Фондацијата Викимедија.
Примери:
|
|
Одберете еден конкретен проблем и опишете го подробно
Дајте контекст со кој обнаснувате зошто проблемот е важен за корисниците. Добриот предлог точно образложува:
- Во што е проблемот,
- Кој е засегнат од него.
- Додајте екрански снимки, врски и разговорни страници со подробна расправа за проблематичниот простор, ако е возможно.
Ова ќе им помогне на Техничарите на заедницата да добијат слика каде да почнат со работа.
Не велете просто „(функцијата x) е застарена“, „ѝ треба подобрување“ или „има многу грешки“. Тоа не ни дава доволно информации за да разбереме што треба да направиме.
Предлозите можат да се поднесуваат на било кој јазик. Техничарите на заедницата им препорачува на доброволците да ги преведат, за секој да може да ги прочита и да гласа по нив. Прочитајте повеќе на „Фаза на разгледување“.
Примери:
|
Не грижете се за изнаоѓање решение
Не морате да предложите како да се реши проблемот. Тоа е задача на Техничарите на заедницата.
Пропишувањето на решение понекогаш може да биде ограничување. На пример, гласачите може по грешка да поддржат решение кое подоцна ќе се испостави неизводливо, а Техничарите на заедницата би можеле да изнајдат друг приод кон негово решавање.
Примери:
- Ознаки (како evernote, пребарливо, категоризирање) (нема информации за проблемот)
- Програм за масовно подигање (нема информации за проблемот)
Поразговарајте со другите членови на заедницата
Веројатно ќе треба да им ја ставите вашата идеја на знаење на другите, и да поразговарате за тоа дека таа идеја се разгледува на друго место. Соберете мислења и споделете го предлогот. Ова можете да го направите рано, пред фазата на гласање. Така учесниците ќе бидат запознаени со проблемот и ќе запомнат да учествуваат и гласаат за неа кога ќе дојде време.
Воедно, погледајте ги нашите промотивни материјали. Можете да се послужите со нив.
Избегнувајте предлози одбиени во минатото
Ова е список на некои од проектите кои добиле многу гласови. Техничарите на заедницата биле посветени на нивно остварување, но морале да ги одбијат. Не е веројатно, а можеби е невозможно, дека екипата би работела на нив годинава.
Издание на испитувањето | Место во исходот | Проекти | Образложение |
---|---|---|---|
2019 | 2 | Темен изглед | Се преклопува со проект на друга екипа. Преклопениот проект е is Подобрувања на работната површина. Прочитајте повеќе. |
2019 | 6 | Вратете го mw.toolbar | Проблемот во голема мера бил решен без било каква вклученост на Техничарите на заедницата. Освен тоа, Техничарите на заедницата по правило не ги поништуваат промените направени од други екипи. Прочитајте повеќе. |
2019 | 8 | Потсетници за статии | Ова е технички пресложено. Исто така, на тоа ќе мора да работи друга екипа на Фондацијата Викимедија. Постојат други начини да се дојде до истиот резултат. Прочитајте повеќе. |
2019 | 10 | 2FA достапно за сите засегнати уредници | Ова е технички пресложено. Исто така, на тоа ќе мора да работи друга екипа на Фондацијата Викимедија. Прочитајте повеќе. |
2017 | 6 | Напомени за статии за повеќе јазици | Ова е технички пресложено. Воедно, Техничарите на заедницата не се во можност да изработат и одржуваат таква алатка. Прочитајте повеќе |
2016 | 1 | Глобални алатки | Ова е технички пресложено. Воедно, Техничарите на заедницата не се во можност да изработат и одржуваат таква алатка. |
2015 | 3 | Централно складиште за алатки, предлошки и Lua-модули | |
2015 | 6 | Овозможи категории на Ризницата на сите јазици | Се преклопува со проектите на друга екипа. Преклопените проекти се Структурирани податоци на Ризницата и Структурирани податоци ширум Викимедија. |
2015 | 4 | Набљудувања ширум сите викија | Ова е технички пресложено. Прочитајте повеќе. |
2015 | 8 | Глобална разговорна страница ширум сите викија | Се преклопува со проектите на друга екипа. Преклопените проекти се Тек/Структурирани расправи и Известувања ширум сите викија. |
2015 | 10 | Додај кориснички набљудувања | Употребувајќи ја злонамерно, оваа алатка може да го олесни малтретирањето на корисниците. Прочитајте повеќе. |
Што понатаму откако ќе го поднесам предлогот?
Заедницата може заеднички да работи на предлог кој ја претставува идејата на начин најверојатен да успее во фазата на гласање.
Кога ќе се поднесе предлогот, секој е поканет да коментира по него и да помогне во неговото подобрување — поставајќи прашања и предлагајќи промени.
Предлозите слични еден на друг може да се здружат во едно; многу општите предлози треба да се разделат на поконкретни.
Целта е да се создаде што е можно подобар предлог за фазата на гласање.
Лицето што го поднесува предлогот треба активно да учествува во тој разговор и да помогне во вршењето на промените со тек на време.
Можам ли одново да поднесам предлог од претходни испитувања?
Да.
Ако одкучите да ископирате предлог од старо испитување во ново, Техничарите на заедницата очекуваат да го „посвоите“, што значи дека ќе треба активно да учествувате во разговорот за таа идеја и дека сте волни да направите измени во неа за да ја зајакнете во поготовка за фазата на гласање.
Можете да поднесете и некои предлози кои биле архивирани во изминатите години. На пример, можете да пројдете по нејасните предлози, подобро да ги опишете, па да ги поднесете.
Би било корисно да ставите врска до претходниот разговор, но немојте да ги прекопирате гласовите и разговорот. Ако сметате дека во тој разговор има добри согледувања, вклучете ги во новиот предлог во облик на напомена.
Доколку Техничарите на заедницата одбијат некоја желба, таа не е подобна за повторно поднесување освен ако не е значително изменета.
Примери:
- Архивирано во текот на Испитувањето на желбите на заедницата 2021
- Архивирано во текот на Испитувањето на желбите на заедницата 2020
- Архивирано во текот на Испитувањето на желбите на заедницата 2019
- Архивирано во текот на Испитувањето на желбите на заедницата 2017
Дали можам да работам на идеја пред фазата на предлагање?
Да.
Испитувањето за 2023 година започнува на 23 јануари. Можете да почнете со разработка на вашата идеја служејќи се со песочникот за таа намена. Така ќе можете да ги обзнаните поединостите на замислата и да поканите други да учествуваат во нејзиното изготвување.
Што значи „вон делокругот“?
Значи вон полето на дејност на екипата Техничари на заедницата.
Поподробно објаснување ќе најдете на Како да направам предлог.
По фазата на предлагање, Техничарите на заедницата ќе ги разгледаат предлозите пред да почне фазата на гласање.
Екипата разгледува дали има предлози што треба да се одбијат. Ако има некакви проблеми што го спречуваат предлогот да премине во фазата на гласање, тие ќе се обидат да им се обратат на авторите на предлозите и да им постават дополнителни прашања.
Ако предлогот е исправен, Техничарите на заедницата ќе го означат за преведување. Потоа, секој ќе може да го преведе предлогот за да биде разбирлив за повеќе луѓе.
Како да гласам?
Се бројат само гласовите Support.
Конечниот список на желби ќе биде рангиран според бројот на гласови во полза. Ако вие сте предлагачот, самиот чин на предлагање ве вбројува меѓу поддржувачите (гласовите „за“).
Учесниците можат да гласаат за колку било предлози. За да обезбедиме праведност, право на глас имаат само регистрирани корисници чии сметки не се премногу нови.
Можам ли да бидам против, воздржан или да ставам нешто на расправа?
Да.
Водењето разговори во фазата на гласање е пожелно. Ако сакате да глас Oppose или Neutral со коментар, слободно направете го тоа.
Овие разговори ќе им помогнат на учесниците да се одлучат дали сакаат да гласаат за предлогот. Тие мислења воедно ќе им послужат на Техничарите како водилка во работата во текот на годината.
Дали можам да побарам од други да гласаат за мојот предлог?
Да.
Имате прилика да ги убедите сите оние на коишто можете да им се обратите. Слободно обратете се кај други лица на вашиот проект, википроект, подружница или друг вид на корисничка група. Добронамерен поход за гласање е сосема во ред.
Како избирате на кои предлози да работите?
Штом заврши испитувањето, Техничарите на заедницата ќе изберат некои предлози на кои ќе работат.
Најрешавачка е популарноста на предлогот, но не е единствениот чинител. Ако предлогот има многу гласови во негова полза, Техничарите ги земаат предвид и следниве нешта:
Техничка сложеност | Сложеност на производот и осмислувањето | Историски незадоволени потреби и влијание врз заедницата |
---|---|---|
Потребен труд за изработка на програмска опрема во кој треба да е вложи.
Тука спаѓаат преглед на кодот, зависност од други екипи, инфраструктура, правни и безбедносни ограничувања, поднови во базите итн. |
Потребен труд за собирање на податоци за да се добие увид во проблемот, за осмислување на решението, испробување на неговата употребливост и координирање со други екипи за да се ублажи влијанието на промената врз корисничкото искуство.
Дали пуштањето треба да биде постепено или не? Колку и кои заедници ќе соработуваат со нас во испробувањето на новата функција? |
Дали предлогот се однесува на недоволно поддржани Викимедиини проекти? Дали ќе работи на различни викија? Колкумина ќе имаат полза од подобрувањето? Дали се однесува на поддршка за нетекстуални содржини? |
Конечната оценка е сплет од сето наведено погоре. Потоа, Техничарите почнуваат да работат на предлозите со највисоките конечни оценки.
Некои желби може да бидат остварени од доброволни разработувачи или други екипи.
Зошто бројот на гласови не е единствениот критериум?
Покрај бројот на гласови, Техничарите на заедницата ја зема предвид и сложеноста на желбите. Ова им овозможува така да ја распоредат работата за да остварат повеќе желби.
Исто така, водењето само според број на гласови ја занемарува потребата за рамноправност. Постојат мали групи како глобалните групи или заедници на мали Викимедиини проекти. Тие секогаш ќе бидат бројчено совладани при просто гласање, и со тоа ќе останат и понатаму неподдржани.
Колку желби ќе разгледувате?
Тоа зависи од сложеноста на желбите.
Техничарите на заедницата не ветуваат исполнување на утврден број желби бидејќи тој број не е предвидлив. Екипата се стреми да исполни што повеќе желби. Тоа зависи од сложеноста и ресурсите, како на пр. бројот на инженери и осмислувачи кои им се на располагање за таа година.
Порано екипата даваше ветување дека ќе ги исполни „N-те најпопуларни“ желби со рок во јуни - јули. Понекогаш нивното остварување се издолжуваше заради сложеноста. Во други случаи екипата мораше да работи во итаница. Воедно, тоа значеше дека екипата може да се најде во ситуации на прекумерни ветувања, што ја намалуваше довербата кај доброволците.
Во 2020 г. Техничарите на заедницата се откажаа од задолжителното исполнување на утврден број на желби.
Како можам да бидам во тек со напредокот на работата?
- Можете да ја набљудувате страницата со новости за работата на Екипата на заедницата.
- Можете да ја набљудувате и главната разговорна страница на Испитувањето и разговорните страници на поединечните проекти (погледајте ја долуприкажаната кутија со скорешни промени).
- Тековниот статус на поединечни желби е достапен во облик на табела на главната страница на Испитувањето.
- Еднаш месечно Техничарите на заедницата се состануваат на семрежна средба наречена „Разговарајте со нас“. Овие средби се отворени за секого.
Што ако многумина гласаат во полза на лоша идеја?
Гласовите против или воздржан се мошне полезни за утврдување на можните мани на предлогот. Кај спорните желби, Техничарите на заедницата ќе ги врамнотежат гласовите со поконсензусен преглед.
На пример, ова беше направено на испитувањето во 2015 година: Желбата за „набљудувања на корисник“ доби многу гласови, но и извесен број срдечни противници. Техничарите на заедницата ги ислушаа сите страни и донесоа одлука дали да пристапат кон остварување на проектот.
За испитувањето и екипата
Дали ова испитување ги одредува сите технички промени во Викимедија?
Не.
Во Викимедииното движење има многу организации и поединци кои работат на технички предизвици. Имаме доброволци, Викимедиини подружници и Фондацијата Викимедија. Испитувањето на желбите на заедницата е проект за само една организација — Фондацијата Викимедија.
Фондацијата Викимедија има две одделенија посветени на технички проекти: Производи и Технологија. Во секое одделение постојат многу екипи. Испитувањето на желбите на заедницата е проект само на една екипа — Техничарите на заедницата.
Зошто правите ново испитување годинава…
…наместо да се посветите на другите желби од минатите испитувања?
Техничарите на заедницата сакаат нивните приоритети да бидат ускладени со приоритетните потреби на заедниците!
Како што се развива програмската опрема, така се менуваат и потребите на корисниците. Понекогаш некоја многу добра желба од лани повеќе не е толку важна, или пак описот просто застарел. Приредувајќи испитувања секоја година, ние добиваме слика за фактичките потреби на заедницата.
Дали изработувате само нови работи?
Не.
Техничарите на заедницата исто така посветуваат дел од времето во одржување на функциите што ги создале во минатото. Ова понекогаш може да влијае врз делотворноста во спроведувањето на нови промени.
Каква е историјата на испитувањето?
Создавањето на екипата Техничари на заедницата непосредно се должи на барањата од главнината учесници за подобра поддршка на алатки за модерација, ботови и други функции што помагаат во успешноста на Викимедиините проекти.
Ова испитување го осмисли екипата Технички желби на Викимедија Германија, која е задолжена за таквото испитување на Википедија на германски.
Во ноември 2015 г. Техничарите на заедницата го спроведоа првото Испитување на желбите на заедницата со цел ги утврдат функциите и проблемите кои највеќе им значат на уредниците. Екипата покани учесници од сите Викимедиини проекти да поднесуваат предлози. По двонеделно собирање на предлози, екипата ги замоли да гласаат по предлозите што највеќе ги интересираат. Оттогаш истата постапка се повторува секоја година.
Како можам да ги сменам нештата за догодина?
Ако имате предлози за подобрување на постапката, слободно пишете на разговорната страница на испитувањето. Со задоволство ќе поразговараме за вашите идеи! Можете да пишете на било кој јазик.
Контакт
Сите прашања и мислења се добредојдени. Можете да ги поставите на разговорната страница или на средбите „Разговарајте со нас“.
Можете и да се обратите на:
- Natalia Rodriguez — Производен раководител, Техничари на заедницата
- Sandister Tei — Стручњак по односи со заедницата, Техничари на заедницата