Wikimedia Foundation elections/2021/Candidates/mk
Изборите завршија на 31 август 2021 г. Повеќе не се прифаќаат гласови.
Исходот е објавен на 7 септември 2021 г. Мислења за изборите можете да дадете на страницата за поизборна анализа.
Избори за Доверители 2021 |
Главна страница |
Кандидати |
Информации за гласањето |
Единечен пренослив глас |
Исход |
Расправа |
ЧПП |
Прашања |
Приредување |
Преведување |
Документација |
Одборот на доверители на Фонрацијата Викимедија врши надзор над нејзината работа. Тој е сочинет од доверители од заедниците и назначени доверители. Секој доверител останува служи рок од три години.
Викимедиината заедница има прилика да избере доверители од заедницата. Четири вакви кандидати ќе стапат во Одборот на доверители. Викимедија е глобално движеење и бара кандидати од пошироката заедница. Идеалните кандидати се складни со мисијата на Викимедија и се одликуваат со промисленост, уважување и посветеност на заедницата. Одборот би сакал да најде до гледишта и гласови кои се недоволно претставени во нашето движење и имаат суштинска важност за него.
Табела на кандидати
Стиснете на името на кандидатот за да дознаете повеќе.
Способности
Одборот на доверители ги оцени способноститте и искуствата што ги има. Кандидатите го пополнуваат овој прашалник за способности кога се пријавуваат на изборите. Ова е само за информативни цели. Идејата е новите доверители да можат да ги пополнат празнините во способностите и искуствата. Тековниот Одбор ги сподели овие информации откако ги оцени нивните способности:
Способност | Пожелни способности | Опфатени споспобности | Опфатени способности од доверителите чија служба истекува во 2021 г. |
---|---|---|---|
Организациска стратегија и управување | X | X | |
Разработка на технологии и производи на организациско ниво | X | ||
Јавна политика и закони | X | ||
Наука за општествени податоци, анализа на големи податоци и машинско учење | X | ||
Придонеси кон Викимедииното движење | X | X | |
Глобален развој на движењето и организирање на заедници | X | X | |
Академска работа/ГБАМ/образоваие | X | X | |
Живее и работи да споделува знаење во потиснувачки контекст | X | ||
Служба за Одборот | X | ||
Средства и финансиски надзор | X | ||
Непрофитно собирање средства | X | ||
Управување со Одборот | X |
Прашања за кандидатите
Заедницата постави прашања за време на номинацијата. Изборната комисија избра 11 прашања за кандидатите. На нив требаа да одговорат до 20 јули 2021 г. за да можат истите да се преведат.
Проверка на кандидатите
Изборната комисија или персоналот на Фондацијата Викимедија ќе ги провери условите за кандидатура. Ќе ги проверат личното сепство и вонмрежните услови за кандидирање. Проверката на условите на вики и личното препознавање се на оваа страница. Вонмрежните услови се проверуваат подоцна.
Членовите на заедницата може да ги погледаат неподобните пријави за 2021 г., како и повлечените пријави.