Jump to content

Соопштение за последниот чекор во спроведувањето на еднокорисничката најава

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Single User Login finalisation announcement and the translation is 100% complete.
Најнови информации за развојот на оваа постапка ќе најдете на страницата mw:SUL finalisation.

Развојната екипа на Фондацијата Викимедија врши извесни измени во работењето на сметките како дел од постојаните напори да им понудиме подобри алатки на корисниците (како што се известувањата на сите викија наеднаш). Со овие промени, сметките ќе имаат едно име насекаде. Ова ќе ни даде нови можности за подобро уредување и разговарање, и ќе овозможи пофлексибилни кориснички дозволи за алатките. Еден од предусловите е тоа што секој корисник ќе мора да има само по една сметка, што ќе важи за сите 900 викија на Викимедија.

За жал, некои сметки во моментов не се единствени за сите викија, туку се косат со други корисници со исто име. За да се осигураме дека во иднина сите корисници ќе можат да ги користат Викимедиините викија, решивме дека на проблематичните сметки мора да им се додаде знакот „~“ и името на нивното вики. . Датумот на настанот сè уште не е утврден. На пример, ако треба да преименуваме корисник наречен „Пример“ на шведскиот Викиречник, новото име ќе гласи „Пример~svwiktionary“.

Сите сметки ќе продолжат да работат како и пред тоа, и во нив ќе се задржат сите досегашни уредувања што ги направил корисникот. Меѓутоа, корисниците со преименувани сметки (на кои поединечно ќе им пишеме) ќе мора да ја користат новата сметка (име) кога се најавуваат.

Месното преименување на корисници е отстрането за да се спречи одврзување на потоечки глобални сметки. Корисниците можат да побараат преименување користејќи го Special:GlobalRenameRequest на нивното месно вики или да побараат повторно преименување на сметката тука на Мета, доколку не им се допаѓа зададеното име.

Поврзано