Jump to content

Викимедија Македонија/Задачи

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki


Основањето на Викимедија Македонија се извршува со исполнување на следните задачи:

Формирање на иницијативен одбор на заинтересирани за Викимедија здружение. завршено
Пишување на статут за Викимедија Македонија (македонски и англиски). завршено
Средба во живо за изгласување на статутот. завршено
Основачко собрание во Скопје. 28 февруари 2009 mk:Википедија:Вики средба/2009/февруари
Превод на статутот на англиски јазик 14 март 2009 mk:Википедија:Вики средба/2009/март/14
Контакт со фондацијата Викимедија и презентирање на статутот за негово одобрување. 24 март 2009
Регистрација во централен реистар на Македонија. 1 февруари 2010
Прибирање на донации и други средства.
Преземање на контролата врз доменот wikimedia.mk (Потребно е да се достави официјално барање до MARnet после регистрацијата)
Дизајн и промоција на проекти кои ќе придонесат Википедија да стане пошироко позната во Македонија.

Подетален опис на секоја од овие задачи е даден подолу.

завршено Формирање на иницијативен одбор на заинтересирани за Викимедија здружение

[edit]

Првите идеи за основање на локален огранок на Викимедија во македонија беа изнесени во 2006. На 25 декември 2009, на Вики средба одржана во Скопје, три Викимедијанци одлучија да основаат иницијативен одбор.

завршено Пишување на статут за Викимедија Македонија

[edit]

Кога се собравме десетмина (минимален број), одлучивме да напшишеме статут и да продолжиме со нашите намери, да вклучиме и други заинтересирани луѓе, колку што е можно повеќе. Статутот на македонски беше завршен на почетокот на март, а седмица подоцна и примерокот на англиски.

завршено Основачко собрание

[edit]

Основачкото собрание се одржа во Скопје, на 14 март 2009 (започна во 12:00 ЦЕВ). На собранието беше претставен статутот на македонски, а започна и преводот на примерокот на англиски.Исто така, беа изнесени и информации за бројот на нови членови и првите соработки со други организации. Беше одлучено и да се изготви барање за одобрение, кое заедно со статутот и со опис на моментната состојба ќе биде испратено до Комитетот за ограноци.

завршено Контакт со фондацијата Викимедија и презентирање на статутот за негово одобрување

[edit]

Барањето за одобрение беше изготвено и истото беше испратено до комитетот за ограноци на 24 март 2009.

завршено Регистрација во Централен реистар на Република Македонија

[edit]

Регистрацијата на огранокот како НВО во Централниот регистар на Република Македонија заврши на 1 февруари 2010.

Прибирање на донации и други средства

[edit]

Ние, веќе ги имаме направено првите планови за иднина. Некои проекти се во фаза на разговор, а како најповолни извори за парични средства се владините институции и сите други организации, кои имаат корист од целите на нашите проекти.

Преземање на контролата врз доменот wikimedia.mk

[edit]

Преземањето на контролара врз доменот wikimedia.mk е од особено значење, па барањето ќе биде испратено на крајот од септември 2009.

Дизајн и промоција на проекти кои ќе придонесат Википедија да стане пошироко позната во Македонија

[edit]

Оваа задача не се однесува само на Википедија, туку и на сите други проекти на Викимедија.

Видете исто така

[edit]